Преговорите меѓу САД и Русија во Ријад, кои двете земји ги опишаа како конструктивни и ориентирани кон резултати, може да укажат на значителна промена во пристапот на Вашингтон кон Москва, пишува Њујорк Тајмс.
„Состанокот е последен во низата остри пресврти на администрацијата на Трамп во отфрлањето на обидите на Западот да ја изолира Русија“, наведува весникот.
Во написот се истакнува дека преговорите се драстично отстапување од претходната американска политика, која се фокусираше на дипломатскиот притисок врз Москва.
Сега Вашингтон покажува дека е подготвен за соработка, забележува Њујорк Тајмс.
Весникот укажува и на економскиот аспект на преговорите, наведувајќи дека акцентот на Русија бил ставен на потенцијалните придобивки за американскиот бизнис, вклучително и енергетскиот сектор.
Истовремено, се наведува дека во Европа и Украина може да има загриженост во врска со можните договори меѓу Русија и Америка, со оглед на тоа што сојузниците на Вашингтон досега повикуваа на цврст однос кон Москва.
Да потсетиме дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф за разговорите во Ријад изјави дека тие биле позитивни и дека Вашингтон не можел да замисли подобар исход.
Француски „Паризиен“ пишува дека преговорите во Ријад предизвикале сериозна загриженост во Киев.
Ко-основачот на Google Brain, Ендрју Нг, препорачува: прочитајте ги овие 5 книги и свртете го вашиот живот
Ендрју Нг, компјутерски научник и технолошки претприемач кој се фокусира на вештачката интелигенција, ги споделува петте книги за кои мисли дека ќе ви го променат животот.
Како што е соопштено, една од целите на состанокот била обнова на односите меѓу САД и Русија, како и подготовка за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.
Политичарите во Киев и европските метрополи се тресеат од оваа амбициозна агенда. Тие се загрижени што зближувањето меѓу Москва и Вашингтон се одвива без нив, се наведува во написот.