ЕУ му нуди на Трамп неочекуван договор!

Европската унија им нуди на САД меѓусебно укинување на царинските стапки за индустриските производи, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
„Подготвени сме да преговараме со САД, понудивме нула царини за индустриски стоки, како што успешно направивме со многу други трговски партнери“, рече Фон дер Лајен по состанокот со претставници на челичната и металната индустрија.

„Европа е секогаш подготвена за добар договор, затоа го оставаме на маса. Но, ние сме подготвени да одговориме со контрамерки и да ги браниме нашите интереси“, додаде претседателот на Комисијата.

Американската администрација воведе царини од 25 отсто за увоз на алуминиум и челик во САД од целиот свет, кои стапија на сила на 12 март.

Исто така, на 3-ти април стапуваат во сила царините од 25 отсто за сите автомобили и автоделови кои не се произведени во САД.

Зачлени се на нашиот е-билтен