Пет лица, меѓу кои судски полицаец и неговата мајка, се приведени откако во куќа во Брчко биле пронајдени 31 дете… Некои од децата имале хрватски пасоши за кои се уште нема потврда дали се автентични или фалсификувани. Сепак, според хрватските власти, во Хрватска нема информации дека овие деца се исчезнати.
Окружното обвинителство Брчко, за медиумите потврдило дека во вторникот вечерта биле приведени З. и А. Ѓ. од Брчко и В.П од Бања Лука. Во текот на денот се приведени уште две лица чиј идентитет не се соопштува. Трите лица кои синоќа беа лишени од слобода се осомничени за сторени кривични дела Трговија со луѓе, Трговија со деца и Запуштање или злоупотреба на деца.
На улицата каде што се наоѓа куќата во која вчера беа откриени децата владее молк. Никој од соседите не го напушта дворот, ниту пак некој се движи по улица. Пред „куќата на ужасот“ стои полициско возило кое го обезбедува објектот. Куќата е претресена претходно, а се уште не се знае што е пронајдено внатре. Единствениот показател дека некој живее во недовршената куќа е алиштата што се сушат.
Меѓутоа, вниманието го привлекува уште еден детал. Имено, за време на престојот, тимот на Телеграф.рс, забележал црн автомобил со затемнети стакла како постојано крстосувал по улиците каде се наоѓа куќата, постојано кружеше и како да „следеше“ што се случува во околината. Не се знае дали се работи за цивилен автомобил што го користат полицајци или некој друг е зад воланот… Според неофицијални информации, на улицата каде што се наоѓа куќата наводно живеат роднини на жената која е приведена. Мештаните, кои се согласија да разговараат со порталот под услов да останат анонимни, посочиле дека не ни знаеле дека во куќата живеат толку деца.
Ја слушнале сопственичката како зборува за тоа како „води градинка“, но велат дека никогаш не ги виделе децата. Тие се присетија на детали од пред околу две години, кога таа внесе три деца во продавница, две момчиња кои изгледаа како близнаци и едно девојче, кои „молчеа како да се неми“. Потоа зборуваше да ги однесе на фризер…
Никој немаше поим дека во нивното соседство може да се случи грозоморно злосторство. Тие нагласуваат дека се надеваат дека куќата во населбата навистина била користена како „дива градинка“, бидејќи секое друго сценарио „ќе им ја заледи крвта“.
„Не е добро и таа да водела нелегална градинка, знаеме зошто градинките треба да имаат дозволи… Но, тоа ни е полесно да „проголтаме“ отколку ако се покаже дека децата се шверцувани, не дај Боже продадени… Се надеваме дека ова е прва или дека е само случај на збунетост под нос, а појма немавме“, ни рекоа мештаните.
Ни кажуваат и дека од медиумите слушнале дека меѓу приведените има и судски полицаец, потврдувајќи дека синот на приведената е навистина таков. Сепак, тие наведуваат дека мајката и синот никогаш не делувале како семејство кое би се занимавало со некакви незаконски активности.
“Тој е повлечен, делува некако збунето… Ни таа не изгледа како жена што би направила кривично дело. Не знаеме што се случило таму. Полицијата сега е тука, чува се… Ние ништо не знаеме”, додале загрижените мештани.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ коментирајчи го откривањето на голем број деца во округот Брчко, за кои се верува дека се жртви на трговија со луѓе, истакнувајќи дека се консултирал со министерот за полиција Давор Божиновиќ, но дека во овој момент ги немаат сите информации за овој случај.
„Во овој момент не знаеме сè, но ги проверуваме информациите преку нашата амбасада и офицерот за врска на МУП. Од околу 30 деца, само шест од нив наводно имаат хрватски документи. Во моментов се обидуваме да утврдиме дали овие документи се автентични. Засега нема потврда дека нашите официјални податоци ги содржат податоците во тие пасоши“, рече Пленков.