Украина минатата година објави дека има околу 42.000 терминали Starlink кои работат во земјата, од кои половина се финансирани од Полска.
Европската комисија разгледува начин да и помогне на Украина да обезбеди безбедни сателитски комуникации по најавата на Илон Маск дека може да ја остави земјата разурната од војна без мрежата Starlink. Вселенските комуникациски системи се клучни за Украина, и иако Маск претходно му го понуди на Киев својот „Starlink“ кога започна војната против Русија пред три години, постојат стравувања дека наскоро ќе се премисли. Украина минатата година објави дека има околу 42.000 терминали Starlink кои работат во земјата, од кои половина се финансирани од Полска.
Портпаролот на ЕК, Томас Регние, рече дека Киев веќе изразил интерес за користење на европската сателитска мрежа Govsatcom и IRIS², ново соѕвездие што треба да биде оперативно во следната деценија. Тој додаде дека ЕК ќе ги продолжи разговорите со Украина во овој поглед.
Францускиот пратеник Кристоф Градлер минатата недела изјави дека Европската комисија треба итно да бара алтернативни сателитски решенија што ЕУ би можела да ги понуди на Украина наместо Старлинк.