Европската комисија е подготвена да ја поддржи амбицијата на Црна Гора да ги затвори сите поглавја во преговарачкиот процес за членство во ЕУ до крајот на 2026 година, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј, цитиран од црногорското издание на Радио Слободна Европа.
„Ја признаваме амбицијата на Црна Гора да ги заврши пристапните преговори до крајот на 2026 година. и ние сме подготвени да ја поддржиме оваа амбициозна цел доколку се исполнат релевантните услови за тоа“, изјави вчера еврокомесарот во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, каде го презентираше овогодинешниот пакет за проширување.
По неколку години стагнација, Црна Гора ги одмрзна преговорите за членство со ЕУ во јуни оваа година.
Комесарот за проширување најави можност Црна Гора да се придвижи кон затворање на други поглавја до крајот на оваа година.
Ова е последниот пакет за проширување што го презентира Вархеи, бидејќи Европската комисија наскоро ќе има нов состав, а ресорот за проширување на ЕУ ќе го преземе Словенката Марта Кос, забележува Радио Слободна Европа.