За потребите на претстојниот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност, Европската комисија, во изминатите неколку дена, од обвинителите во Белград, ги побарала извештаите за текот на постапките против напаѓачите на студентите. Истото барање го добиле и новосадските обвинители.
„Се бараше известување за текот на постапката против напаѓачите на студенти кои беа на блокади и на улиците на главниот град во последните месеци, по уривањето на настрешница на Главната железничка станица во Нови Сад“, пишува Нова.рс.
Информацијата била потврдена од повеќе различни извори од српското правосудство. Заедно со нивните колеги од Белград, неофицијално, истото барање го добиле и новосадските обвинители.
Според овие информации, Апелација и Врховно обвинителство побарале извештаи за сите случаи што ги имаат во својата работа, затоа што ЕК го побарала тој извештај, за потребите на претстојниот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност.
Покрај студентските протести, ЕК бара податоци и за сите други протести во Србија одржани во текот на 2024 година, вклучително и протести против изборна измама (по изборите во декември 2023 година), таканаречени еколошки протести и протести поради најавеното рушење на Стариот Савски мост, протести на просветните работници и други.