Европската Унија има понуда за Трамп: Тие сакаат договор, но за возвраат сакаат едно нешто

Европската Унија е подготвена да прифати трговски договор со Соединетите Американски Држави што вклучува универзална царина од 10 проценти за голем дел од извозот на ЕУ, но за возврат бара од САД да се согласат на пониски царински стапки за клучните сектори како што се фармацевтската индустрија, алкохолот, полупроводниците и комерцијалните авиони.

ЕУ, исто така, инсистира на квоти и исклучоци за ефикасно намалување на постојните американски царини од 25 проценти за автомобили и автоделови, како и 50 проценти за челик и алуминиум, пишува „Блумберг“ повикувајќи се на извор запознаен со преговорите.

Европската комисија, која ги води трговските работи во име на ЕУ, смета дека таков аранжман би бил малку во корист на САД, но сепак би можел да биде прифатлив, велат извори кои зборуваа под услов на анонимност.

ЕУ има рок до 9 јули да постигне трговски договор со американскиот претседател Доналд Трамп пред царините за речиси целиот извоз на ЕУ во САД да скокнат на 50 проценти. Трамп воведе царини за речиси сите трговски партнери, тврдејќи дека сака да го врати производството во САД, да го финансира продолжувањето на даночните олеснувања и да ги спречи другите земји да ја „експлоатираат“ Америка.

Зачлени се на нашиот е-билтен