Координаторот на пратеничката група на Еврпскиот Фронт, Блерим Беџети на прес конференција побара на дневен ред на собраниска седница да се достави детална информација за безбедносната состјба во земјата во последниот период, хронолошка детална информација за настаните во Куманово, особено во врска со палењето на деловни објекти во овој град и нападите врз имотите на граѓани од албанска етничка припадност , спроведените мерки и истраги за расветлување на случаевите имајќи го предвид нивното можно влијание врз меѓуетничките односи, во врска со настаните на кои се случија палења на знамиња, како и информација за селективниот пристап во смисла на процесирање на учесниците на истите настани и сите детали во врска со мерките за институционален одговор и превенција од потенцијални слични настани. Пратениците од Европскиот фронт бараат и одговори за протоколи во случаи на селективно постапување од страна на службени лица од МВР, како и за предвидените механизми за надзор врз работата на безбедносните служби особено во вакви сензитивни ситуации, отчетност за преземените но и непреземените мерки.
Во интерпелацијата за Министрите Изет Меџити, Панче Тошкоски и неговиот заменик Исени, како за министерот Стоиљковиќ задолжен за односите меѓу заедниците ќе бидат детално наведени причините за нивните интерпелации, реќе Беџети.