Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ министрите за надворешни работи: Ќе ги користиме сите расположиви лостови за подршка за Украина

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Полска, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство објавија во Варшава заедничка изјава за поддршка на Украина.

„Русија систематски ја напаѓа европската безбедносна архитектура. Непромислениот ревизионизам на Русија и постојаното одбивање да ја запре својата агресија и да се вклучи во значајни разговори е предизвик за мирот, слободата и просперитетот на европскиот континент и во трансатлантската област.

Русија се повеќе се потпира на партнери како Иран и Северна Кореја за да го одржи своето нелегално војување. Ескалирачките хибридни активности на Москва против земјите на НАТО и ЕУ се исто така без преседан по нивната разновидност и опсег, што создава значителни безбедносни ризици“, се вели во соопштението.

Шесте земји најавуваат дека: „ќе ја потврдат постојаната улога на силно и обединето НАТО како основа на европската одбрана и безбедност, ќе го зајакнат НАТО преку зголемување на трошоците за безбедност и одбрана, ќе ја зајакнат европската безбедност и одбрана, користејќи ги сите расположливи лостови, вклучително и економската и финансиската моќ на ЕУ и преку зајакнувањето на европската индустриска база, вложување во критичните воени капацитети, зголемување на отпорноста на когнитивното војување и хибридните закани во Европа и дополнително зајакнување на воената, економската и финансиската поддршка за Украина“

Зачлени се на нашиот е-билтен