Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: 24 пати во Советот на Град Скопје е ставена точката за набавка на автобуси, ВМРО-ДПМНЕ гласа против

Фото: ЈСП Скопје

„24 пати е ставена точката за набавка на автобуси во Град Скопје, против којашто советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаат. А сега премиерот најавува дека сам ќе купувал автобуси“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека тоа што се случува во Скопје е трагедија, која е резултат на не добро договорените дилови помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката.

„Откако не се договорија, според нивното кажување, за различни проценти за бизниси, градот е затрупан во ѓубре, нема јавен превоз. Навистина е греота ова што се прави на скопјани“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека неговата партија интензивно работи на наоѓање на добар кандидат или кандидатка за локалните избори за Град Скопје и дека ќе ги слушнат граѓаните за тоа кому му веруваат да биде градоначалник на Скопје.

„Доклку граѓаните го изгласаат за градоначалник на Скопје тој ќе биде поддржан од СДСМ за две години од почетокот на мандатот Скопје ќе добие три работи. Прво, ќе биде најчистиот град во регионот, второ ќе има целосно среден јавен превоз и трето ќе има солиден и културен ноќен живот. Тоа е мое ветување“ рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен