Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната трибина со социјалдемократскта младина во Струмица рече дека е залудно што премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта ја цитира Библијата кога дома ја урнисаа економијата. Тој потенцираше дека владата предводена од Мицкоски направи цените да растат без контрола, ја задолжи државата и ја одзема иднината на младите и нивната можност за прогрес.

„Откако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја урнисаа економијата, откако направија цените да растат без контрола да не можат луѓето една кошничка да си наполнат, откако платите немаат абер да растат, откако во земјоделството се намалија субвенциите и за откупот на оризот, и за сточарите, и за лозарите, откако нè задолжија со седум милијарди евра и откако направија сè да си го постават системот така, да тие седум милијарди евра си ги добијат однапред договорени странски компании, на коишто подизведувачи ќе им бидат само ВМРО ДПМНЕ -вчера го слушам премиерот на собир во Будимпешта, ја цитира библијата. Сакав да му порачам дека ако продолжи вака, ни господ нема да му помогне“, рече Филипче во Струмица.

Филипе пред младината зборуваше за целокупните погрешни политики на оваа влада меѓу кои и задолжувањето кое ќе остане на терет на младите генерации. Тој се осврна и на скршувањето од европската агенда и потребата за враќање на Македонија онаму каде што заслужува да биде, а тоа е во европското семејство на народите.