Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до православните христијани во земјава кои денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.
– На овој најрадосен празник за веста на раѓањето Христово, на сите граѓани кои го слават празникот им посакувам искрени желби за здравје, среќа и благосостојба. Бадник не потсетува дека токму сега е време да бидеме сè поблиски, посложни и поединствени, вели тој во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.