Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Да најдеме консензус за прашања што ги засегаат сите граѓани како што се здравството, образование и стандардот

Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање околу потребата за консензус на политичките партии рече: „Имаше повеќе иницијативи, еден период и од страна на премиерот, има иницијативи и од ЗНАМ, имаше и лично од моја страна и од СДСМ дека апслолутно сметаме дека за прашањата од национален интерес треба да се седне на заедничка маса. Најпрвин да се идентификуваат кои се тие прашања за конечно да знаеме за што зборуваме. Има проекти големи од различни сфери, не е само надворешната политика. Едни од клучните работи се образованието, здравството, тоа се работи што ги засегаат сите граѓани. Потоа е стандардот на граѓаните кој од ден на ден се повеќе тоне. Трошоците за живот растат а нема никаква најава за зголемување на платите на работниците.

Синдикатот за прв пат по толку години излегува со такво барање и нема соговорник во Владата, вели лидерот на СДСМ.

„Во нашата Влада не беше така, ние бевме тие што ги промовиравме нивните интереси и потреби и ги зголемуваме платите ии минималната и просечната. И сега стоиме на тоа дека платата треба да се зголеми. За тоа поднесивме и закон во Собранието но за жал не се прифати“.

Зачлени се на нашиот е-билтен