Филипче: На сите православни верници им го честитам празникот Богојавление – Водици

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во негово лично име на сите православни верници им го честита денешниот христијански празник Богојавление – Водици.
„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош, којшто денеска го фати крстот.
Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила. Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, рече филипче.

Мартин Гоџовски беше најсреќен меѓу стотината верници, успевајќи да го фати чесниот крст, кој во осветените води на Охридското Езеро прв пат го положи поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан. Ова му е вторпат на Гоџоски да го фати крстот, првиот пат му се посреќи во 2022 година. Прв до светиот крст од водите на Вардар кај Скопје стигна Теодор Јовевски. Нему ова му е прв пат да го фати симболот на христијанството од осветените води. Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, од Охрид испрати обединувачки пораки до верниците и пораки да создаваме дела достојни на името што го носиме. 

Зачлени се на нашиот е-билтен