Филипче за солдарниот данок: „Повторно би го вовеле во нашата програма, со тие пари ќе ги зголемиме платите во образованието и здравството“

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во Дебата на ТВ Клан ја коментираше одлуката за вовоедување на т.н. Солидарен данок што вчера Уставниот суд го поништи.

Само да потсетам дека тој закон се однесуваше за Компнаии кои имаа екстра профити.

„Во тој контекст во нашата програма меѓу другото, би го повториле солидарниот данок за оние кои имаат огромни профити. Дури би вовеле екстра данок за најголемите банки кои минатата година имале профит од триста милиони евра. Со тие пари ќе ги дуплираме платите во образованието и платите на вработените во здравството и за целата социјала“.

„Владата на СДСМ во времето на кризи даде над две милијарди евра во стопанството и во работниците за да се заштитат работните места.

Солидарниот данок беше мерка која се воведе по примерот на многу европски земји имајќи ја солидарноста како една универзална вредност. Ние со тое мерки зачувавме 80 000 работни места, 15000 претпријатија се заштитија во криза а над 600 000 домаќинства добија субвенција во сметките за струја.

Не сакам да ја коментирам одкуката на Уставниот суд, но такви солидарни даноци воведоа Франција, Германија, Хрватска,Словенија, Чешка и голем број други држави во истиот манир со истата цел, да се заштитат граѓаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен