„Ние сме голема пртија, партија што ја носи својата мисија со гордост и одлучност. Тоа е партија што секогаш била најсилниот противник на ВМРО ДПМНЕ на било кои избори, во било кои околности. Само ние можеме да го победиме ВМРО ДПМНЕ“, уверува Венко Филипче од Конгресот на СДСМ.
„Ние мораме да ја направиме Македонија пристојно место за живеење. СДСМ покажа дека слободата, првдата и еднаквоста се клучните вредности за кои вреди да се бориме, да се жртвуваме и да се издигнеме од пепелта“.