Филипче соопшти уште неколку кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска објави уште неколку имиња кои се кандидати за градоначалници на СДСМ за претстојните локални избори.

„Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување, а не поделба на партијата“, изјави Филипче.

Општина Карбинци, Љупка Соколовска

Општина Василево, Ванчо Новоселски

Општина Сопиште, Звонко Васев (Претседател на ОО СДСМ Сопиште)

Општине Јегуновце, Дарко Блажевски (поранешен градоначалник)

Општина Охрид, Д-р. Асен Шаин (Претседател на ОО СДСМ Охрид)

Општина Демир Хисар, Златко Кузмановски (Претседател на ОО СДСМ Демир Хисар)

Општина Струмица, Марјан Даскаловски (Претседател на ОО СДСМ Струмица)

Општина Дебрца, Љупчо Паунковски (Претседател на ОО СДСМ Дебрца)

Зачлени се на нашиот е-билтен