Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Срамно од 6 милијарди буџет да нема пари за раст на платите на работниците

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го понижија трудот на македонските работници и го срозија стандардот на граѓаните, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче во обраќањето пред присутните членови во Прилеп посочи дека ДПМНЕ наместо да го  продолжи системот за континуиран раст на платите, што го воведе Владата на СДСМ, неодговорно го прекина.

Срамно е да има најголем Буџет кој тежи 6 милијарди евра а да нема пари за раст на платите, додаде Филипче.

“Упорно водат инает и не го прифаќаат предлогот на СДСМ за раст на минималната плата, која со ова темпо на раст на трошоците треба веќе да изнесува 500 евра. Уште кога беше во фаза на предлог Буџетот за 2025 година, СДСМ предупреди дека ова ќе биде најгломазниот и распинички буџет во историјата во кој ќе нема пари за работниците и поголеми плати за граѓаните, и тоа се испостави како точно. И од овие 6 милијарди евра, власта не сака да одвои пари за покачување на платите на работниците во јавниот сектор. Ова е тотално непочитување на трудот на работниците“, нагласи Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен