Финска ќе и испорача муниција на Украина во вредност од 90 милиони евра, користејќи ги руските финансиски средства што беа замрзнати од Европската унија по руската инвазија врз Украина во 2022 година, јави денеска финското Министерство за одбрана.
ЕУ проценува дека 210 милијарди евра – од вкупно околу 300 милијарди долари замрзнати руски средства – се чуваат во рамките на 27-члената унија, главно во форма на државни обврзници што ги држи Централната банка на Русија како девизни резерви.
Минатата година, Европската комисија одлучи приходите од овие средства да можат да се користат за поддршка на украинската армија преку фонд управуван од ЕУ.
-Успеавме да договориме дополнителни средства за финска поддршка на Украина, рече министерот за одбрана Анти Хакканен.
„Производите се купуваат од финската индустрија, што ја зголемува вработеноста во земјата, а потоа се испраќаат во Украина за да помогнат во нејзината одбрана. Многу сум задоволен од овој исход“, додаде министерот.
Кремљ засега не излесе со коментар на одлуката, но претходно неколку пати изјави дека секоја мерка за запленување или продажба на замрзнати руски средства би била нелегална, би ги нарушила имотните права, би поставила опасен преседан и би била оспорена на суд.