Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Финска од Малта го презема едногодишното претседавање со ОБСЕ

Финска денеска од Малта го презема едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а шефицата на дипломатијата Елина Валтонен ќе биде претседавач.

Валтонен најави дека Финска за време на претседавањето ќе ги нагласи принципите и обврските на ОБСЕ.

– Иако Русија флагрантно ги прекршува, тие сè уште се во сила и претставуваат основа на европскиот безбедносен поредок, рече Валтонен.

Таа нагласи дека поддршката за Украина ќе остане во центарот на финското претседателство во сите димензии, а главна тема на претседавањето ќе биде издржливоста и на земјите членки и на самата ОБСЕ.

Финска исто така планира целосно да го искористи широкиот опсег на алатки со кои располага ОБСЕ.

Финска ќе ги нагласи прашањата како што се кибер безбедноста, слободата на медиумите и медиумската писменост, поддршката за бранителите на човековите права и климатската безбедност, кои се составен дел на едно отпорно општество.

Во текот на годината, Финска ќе се фокусира на родовата еднаквост и инклузија, вклучително и зајакнување на ангажманот со граѓанското општество, особено младите луѓе и лицата со инвалидитет.

Во областа на политичко-воените прашања, Финска ќе претседава и со Форумот за безбедносна соработка во последниот квартал од 2025 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен