Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Флотата на НАТО пристигнува на Балтикот

Северноатлантскиот одбранбен сојуз испраќа флота за да го чува Балтичкото Море. До крајот на неделата, според финскиот Yle, во Балтичкото Море ќе пристигнат „околу десет“ воени бродови на НАТО, кои ќе останат таму до април. Главна задача ќе биде заштитата на енергетско-комуникациските подводни кабли кои „пукаат“ последниве месеци, за што со прст се вперува во непријателските источни земји, пред се Русија.

Финска и балтичките земји долго време бараат зголемен мониторинг и заштита на балтичката подводна инфраструктура, што е од суштинско значење за комуникацијата и енергетската безбедност. Постои сомневање дека може да се води прикриена војна со саботажа на критичната инфраструктура поради поддршката за Украина, а тоа го потврдуваат и последните инциденти за време на Божиќ, во кој беше исечен важен енергетски кабел меѓу Финска и Естонија. Тамошните медиуми објавија дека дел од комуникациските кабли веќе се обновени, но поправката на оштетената енергетска врска меѓу земјите може да потрае неколку месеци и да чини неколку милиони евра.

Истрагата за тој настан е во тек, а „осомничен“ е рускиот танкер „Игл С“ кој моментално е „приведен“ во естонско пристаниште додека се проверува дали е поврзан со случајот со кршење на Естлинк 2. споменатиот енергетски кабел кој гарантира сигурност во снабдувањето со енергија и стабилност на цените во Финска и Естонија.

Поправките се во тек, а некои од оштетените земји веќе спроведуваат свои поморски патроли. Естонија и Финска ја зајакнаа соработката уште во септември, а Здружените експедициски сили, асоцијација на балтичките и нордиските земји предводени од Обединетото Кралство, во понеделникот објавија дека ќе го зголемат надзорот на поморскиот сообраќај користејќи ја вештачката интелигенција со која располагаат.

Зголемената заштита ќе биде неопходна и поради уште една малку спомената, но важна промена на Балтикот. Следниот месец, во февруари, трите балтички земји ќе се исклучат од рускиот електроенергетски систем и ќе се приклучат на континентално-европската фреквентна област. 

„Ова е чекор од деценијата во зајакнувањето на енергетската безбедност на Естонија, и тоа е процес кој се подготвува повеќе од десет години“, напиша Јоко Алендер, естонска министерка за клима и животна средина, во текст за Eesti Rahvusringhäsling, од Естонија. Инаку, тројцата премиери на балтичките земји уште во 2007 година објавија дека „исклучувањето“ е стратешка цел бидејќи, како што наведуваат, зависноста од електрична енергија од руската и белоруската мрежа претставува закана за националната безбедност.

Последниот инцидент, оној во кој беше прекинат кабелот за напојување Estlink2, кој ја поврзува Естонија со Финска под вода, не треба да создава проблеми при најавената транзиција кон европската мрежа. И покрај тоа, естонските власти деновиве побараа од граѓаните трпение во случај да има привремени проблеми околу 8 и 9 февруари, за кога е закажан трансферот на европската мрежа. Според информациите кои излегоа во јавноста, рускиот танкер Игл С е осомничен дека ги скршил каблите со сидро. Властите тврдат дека „Игл С“ би можел да биде дел од тајната руска флота танкери што шверцува руска нафта под западните санкции. Но, Јутарњи.хр, пренесува дека танкерите би можеле да се вклучат и во некои активности „на страна“, на руската влада.

Зачлени се на нашиот е-билтен