Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен: Да бидеме подготвени за преговори со новот раководство на САД, но и да бидеме прагматични во преговорите

Урсула фон дер Лајен

Нашата прва цел во односите со новото раководство во САД ќе биде брзо да воспоставиме врска, да бидеме подготвени за преговори и да бидеме прагматични во преговорите…Милиони работни места во светот зависат од меѓусебно поврзаните економии на ЕУ и САД, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во говорот пред европратениците во Стразбур.

„Секогаш ќе се придржуваме до нашите европски принципи“, додаде таа.

„ Влеговме во нова ера на остро геостратешко ривалство“, истакна Фон дер Лајен. Според неа, дејствијата на големите земји ќе бидат насочени пред се кон остварување на сопствените интереси.

„Нашите вредности нема да се променат, но за да ги заштитиме мораме да бидеме економски силни“.

„Мора да се намалат цените на енергијата, а во исто време дополнително да се намали нашата зависност од рускиот увоз на енергенси. Мораме да инвестираме во чиста енергија, да ја подобриме преносната мрежа“, истакна фон дер Лајен

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта рече дека земјите од ЕУ треба да продолжат со помошта за Украина онолку долго колку што е потребно.
Според неговите зборови, пристапувањето на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан во ЕУ е најголемата инвестиција во мирот и безбедноста за европското општество и континентот.

Зачлени се на нашиот е-билтен