Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен: Израел и Хамас мора „целосно да го спроведат“ прекинот на огнот

 Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата за прекин на огнот и договор за ослободување заложници меѓу Хамас и Израел, повикувајќи ги „целосно да го спроведат“ договорот.

„Двете страни мора целосно да го спроведат тој договор, како отскочна штица кон трајна стабилност во регионот и дипломатско решавање на конфликтот“, објави таа на X.
„Ова носи надеж во цел регион, каде што луѓето предолго претрпуваа огромно страдање“

Зачлени се на нашиот е-билтен