(ФОТО) Роберт Превост, сега познат како папа Лав XIV, штотуку излезе на балконот на базиликата „Свети Петар“ Наскоро ќе зборува

Кардиналот Роберт Франсис Превост од Соединетите Американски Држави е избран за 267-ми папа и наскоро ќе излезе на балконот на базиликата „Свети Петар“ како нов водач на 1,4 милијарди католици во светот.

Превост, 69, од Чикаго, Илиноис, е првиот папа од Соединетите Американски Држави. Тој ќе биде познат како Лав XIV.

Лидер со глобално искуство, поголемкиот дел од својата кариера ја поминал како мисионер во Јужна Америка, а неодамна водеше моќна канцеларија во Ватикан за назначување бискупи. Се очекува да продолжи со реформите на папата Франциск.

Тој работеше една деценија во Трухиљо, Перу, а подоцна беше назначен за епископ на Чиклајо, друг перуански град, каде што служеше од 2014 до 2023 година. Превост, исто така, поседува перуански пасош и е перуански државјанин од 2015 година.

Во интервју за Vatican News кратко откако стана водач на Дикастеријата за епископи, Превост рече: „Сè уште се сметам за мисионер. Мојот повик, како и на секој христијанин, е да бидам мисионер, да го проповедам Евангелието каде и да е.“

Зачлени се на нашиот е-билтен