Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гаши се сретна со известувачот во Комисијата за надворешна политика Вајц

Претседателот на Собранието Африм Гаши во рамки на посетата на Европскиот парламент оствари средбa со известувачот за Република Северна Македонија во Комисијата за надворешна политика (АФЕТ) Томас Вајц.

На средбата, како што информира собраниската прес-служба, Гаши истакна дека Северна Македонија продолжува да работи на одржувањето добрососедски односи, на решавањето на отворените билатерални прашања преку дијалог во духот на европските вредности и на реформскиот процес кој треба да доведе до исполнувањето на нашата стратешка цел. Изразил надеж дека Резолуцијата која ќе ја подготви како известувач, ќе ја отсликува реалната состојба.

Австрискиот европратеник Вајц и познавач на приликите во регионот на Западен Балкан го запознал Гаши со актуелните случувања во Европскиот парламент, функционирањето на политичките групи и начинот на донесување одлуки, како и за размислувањата за одредени реформи во контекст на одлуките за проширување.

– Соговорниците го поздравија донесувањето на Планот за раст за Западен Балкан кој има за цел да го поттикне регионот да се подготви за членството во ЕУ. Условеноста на распределбата на средствата со спроведувањето на конкретни реформи, особено во областите на владеење на правото, борбата против корупцијата, основните права, економското владеење, зајакнувањето на демократските институции и реформата на јавната администрација, ќе ги забрзаат неопходните социо-економски и фундаментални реформи, се вели во соопштението.

Гаши го поканил Вајц да ја посети Северна Македонија во наредниот период за, како што се наведува, изворно да се запознае со состојбите во државата, спроведувањето на Реформската агенда и сите останати активности поврзани со нашите аспирации за полноправно членство во Европската Унија. м

Зачлени се на нашиот е-билтен