Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гаши се сретна со Тијс Рутен, во фокусот европската интеграција на земјата

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари работна посета на Европскиот парламент. Собранискиот спикер се сретна со известителот во сенка за Македонија име на политичката партија на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, Тијс Рутен. На средбата станало збор за европската перспектива на државата, при што Гаши го запознал сoговорникот со актуeлните случувања на тој план. Од собраниската пес служба информираат дека и двајцата соговорници истакнале дека „ЕУ мора да прати јасна и силна порака во овој критичен момент за да се започне со отварањето на поглавјата, бидејќи така граѓаните ќе ја добијат очекуваната визија за натамошниот развој на земјата“.

Рутен информирал дека една од првите задачи на новата комесарка за проширување, Марта Кос, е да го посети регионот, при што треба да го задржи балансираниот пристап. Многу е битно ваквиот фокус да го задржат и останатите 26 земји членки на ЕУ, за да се создадат услови за креирање јасни пораки од Унијата, за да бидат потврда на се она што го постигна земјата досега.

Од Собранието информираат:

„Разговорот со Рутен беше фокусиран на идната соработка, при што претседателот Гаши изразил уверување дека новиот состав на македонското Собрание и новиот состав на Европскиот парламент ќе ја задржат динамиката на редовната комуникација и соработка преку Мешовитиот парламентарен комитет и заденички ќе работат на ЕУ агендата на земјата, преку оценка на постигнатиот напредок во спроведувањето на клучните реформи и работа на областите во кој е потребен дополнителен напредок“, пишува во соопштението. 

Зачлени се на нашиот е-билтен