Една од темите при посетата на седиштето на НАТО во Брисел од страна на собраниската делегација, предводена од претседателот на парламентот, Африм Гаши, била: „Како една земја, која не е членка на Европската унија, а е дел од Јужното крило на НАТО, се залага за динамична и визионерска соработка, за јакнење на одбранбената подготвеност, и за одговор на сите реални закани, како што се: хибридната војна, борбата против дезинформациите, отпорноста кон малигните влијанија од трети земји и сл“. Ова го пишува во соопштението од Кабинетот на Гаши.
На средбата со заменик генералниот секретар на НАТО, Борис Руга, спикерот Гаши, ‘во светло на актуелните безбедносни предизвици ја истакнал посветеноста на Северна Македонија за водење на политики и промовирање на атмосфера за регионална стабилност’, пишува во соопштението.
Од таму уште пишуваат дека, станало збор и за: „Единственото и суштинско партнерство со Европската Унија со цел да се зајакне стратешката комплементарност со НАТО, со особен акцент на сите земји членки и нивните парламенти кои треба да посветат особено внимание на Структурниот дијалог НАТО – ЕУ“.
Соговорниците споделиле ставови „за одржување на моментумoт во односите НАТО – Украина преку доставување континуирана помош, на билатерална основа и преку Сеопфатен пакет за помош“.
Кабинетот на претседателот на Собранието уште информира, дека на средбите бил пренесен и ставот на државата и на Собранието, за натамошната поддршка на „Политиката на отворени врати“ и посветеноста на заложбите на НАТО, потврдени на Самитот во Вашингтон, за издвојување на +2 проценти од БДП за одбраната.
За време на работната посета на НАТО, биле реализирани брифинзи со заменик-шеф во Одделот за јавна диломатија, Петр Лунак, со шеф на Одделот за политички прашања и безбедносна политика, Нина Сољан, и со претставници на Одделот за јавна дипломатија, Никола де Сантис , и на Одделот за операции, Ариела Виехе.
„На брифизните претседателот и делегацијата беа запознени со функционирањето на одделите, врската со земјите членки на НАТО, извршувањето на активностите на постојаните мисии, ангажманите на земјите членки во мировните и советодавните мисии во кризните региони и за степенот на подготвеноста во одговор на безбедносните предизвици“, се наведува во соопштението.
Во собраниската делегацијата биле вклучени координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, заменик-координаторите на Вреди и ДУИ, Мерита Колчи-Коџаџику и Арбана Пашоли, пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсоски, и шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО, Драган Ковачки. Посетата е по иницијатива на Одделот за јавна дипломатија во НАТО.