Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Герасимовски: Младите достојно да го чуваат наследеното од нашите борци

„Овде, во Дебар Маало кај некогашната учителска школа, се водеа најжестоките битки за слободата во која денес живееме. Да се поклониме пред храброста на нашите борци и да ги поттикнеме младите достојно да го чуваат наследеното и да го негуваат слободарскиот  карактер на нашето Скопје“, рече, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на прославата на јубилејот 80 години слободно Скопје. Герасимовски честитајќи го Денот на ослободување на Скопје, потсети на херојските подвизи на партизаните.

Општина Центар и Здружението на пензионери на општината, овој значаен јубилеј го прославија пред муралот на Горан Стефановски, со организирање на хуманитарен „Фестивал на симит и погача во срцето на Скопје“, го прославија големиот јубилеј – 80 години слободно Скопје.

На добротворниот базар беа понудени автентични скопски специјалитети, а настанот го збогатија учениците од ООУ „Коле Неделковски“ со рецитации и песни за својот град.

На фестивалот присуствуваа гости од пензионерските здруженија на другите општини, претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија и Сојузот на борци на Македонија.

Во духот на заедништвото и почитување меѓу генерациите, пензионерките на штандовите понудија домашно подготвени печива, внесувајќи чувство на носталгија и семејна топлина. Со свои производи се приклучија и локалните пекари и слаткарници, создавајќи вистинско гастрономско уживање за сите присутни.

Собраните средства од базарот ќе бидат наменети за Универзитетската клиника за детски болести, а храната што не е продадена ќе биде донирана на „Ретвитни оброк“, иницијатива за поддршка на бездомниците и социјално загрозените лица.

Овој фестивал е дел од проектот во рамките на програмата за култура на Општина Центар: „Возрасните за младите, младите за возрасните“, кој ги обединува сите генерации во прославата на нашата традиција и иднина.

Зачлени се на нашиот е-билтен