Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и денеска е на терен. Тој информираше дека општината се чисти со механизација и хигиеничари кои работат во две смени. На својот ФБ, ги повика граѓаните да пријавуваат диви депонии. „Центар не чека, Центар чисти“, додаде градоначалникот во својата објава.
„Започнавме акција за чистење на дива депонија во Буњаковец, на локација зад катната гаража. Конкретниот простор веќе подолго време беше узурпиран и користен како магацин-депонија во која несовесни лица собираа секаков вид отпад. Апелирам до граѓаните да пријавуваат вакви диви депонии кои се потенцијално жариште на заразни болести и закана за животната средина.
Јавете се на 076/350-767, 02/3203-693
Нашите инспектори и хигиеничари се секојдневно на терен. Заедно со вас можеме да го направиме Центар почист и побезбеден“, напиша Герасимовски.
Од општина Центар соопшти дека денеска ги исчистила јавните површини во населбата Пролет како важен чекор за создавање почисто и поубаво опкружување за сите центарци. Градоначалникот Герасимовски акцијата ќе продолжи и во наредните денови.
„Го подигнавме сметот и ги исчистивме улиците во населбата Пролет. Решавањето на комунални проблеми се еден од нашите приоритети за работа. Центар мора да биде пример за чистота, не смееме да дозволиме жителите секое утро кога одат на работа и училиште да гледаат контејнери преполни со неисчистен смет. Апелирам до граѓаните да пријавуваат смет и диви депонии, брзо реагираме и ги решаваме проблемите. Продолжуваме со акцијата во сите населби во Центар, создаваме поубава и поуредна општина за сите нас“, рече Герасимовски.