Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германија очекува добри односи со САД и со Трамп

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази верба во продолжувањето на силните односи меѓу германската влада и новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп.

Во интервју за магазинот „Штерн“, објавено денеска, Шолц ја нагласи клучната улога на САД во демократскиот развој на Германија, како на Западот по Втората светска војна, така и низ целата земја по мирната револуција во Источна Германија.

– Оваа историска основа е цврста и ќе ги поддржува трансатлантските односи уште долго време,  рече Шолц, потенцирајќи ја важноста на ефективната соработка со новата американска влада.

Шолц откри дека досега двапати разговарал со Трамп и ги опиша разговорите како „исклучително пријателски“.

Кога беше прашан за присуството на инаугурацијата, Шолц изјави дека „американската администрација, како што е обичај, го покани германскиот амбасадор“.

Зачлени се на нашиот е-билтен