Германија одбележува 70 години од членството во НАТО

Германија денеска ја одбележува 70-годишнината од приклучувањето кон НАТО во мај 1955 година. По тој повод, во Берлин се одржува свечена церемонија, јави ДПА.

На настанот ќе присуствува новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте. Германија ќе биде претставена од канцеларот Фридрих Мерц, министерот за одбрана Борис Писториус и министерот за надворешни работи Јохан Вадефул.

Со приклучувањето на 6 мај 1955 година, Федерална Република Германија стана 15-та членка на Алијансата. Денес НАТО брои 32 членки, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Последна се приклучи Шведска, минатата година.

Зачлени се на нашиот е-билтен