Германскиот министер за одбрана е во посета на Украина

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус пристигна утринава во Киев за да разговара за воена поддршка на Украина во војната со Русија, јави ДПА.

Писториус планира да разговара со претставници на украинската влада за понатамошна помош за оружје од Берлин. 
„Правиме се што можеме за да ја поддржиме Украина за да може да се одбрани и да дојде до позиција каде што Русија е подготвена да влезе во сериозни преговори“, рече Писториус пред да замине.

Германија е втор најголем воен поддржувач на Украина по САД.

Зачлени се на нашиот е-билтен