На 10 дена до парламентарните избори, што во Албанија ќе се одржат на 11 мај, гласачкото право до денеска го оствариле 117079 албански граѓани кои живеат и работат во странство.
Според податоците што ЦИК ги објави денеска попладне пликови со гласачкото ливче примиле 218.638 лица, од вкупно испратените 245.935 пликови, кои секое лице треба лично да го прими.
Најмногу вратени коверти во Тирана се од Италија или 53.416, а потоа следат Германија и Грција. Од 12. Окрузи, односно изборни единици, води Тирана со 28.180 коверти, Драч 15.206, Елбасан 13.953.
Гласачите во дијаспората имаат рок до првата недела од мај да го пополнат и да го испратат своето гласачко ливче. Секој глас што ќе пристигне во Албанија на 11 мај после 19 часот ќе се смета за неважечки.
Определено место за администрирање на овој процес е Спортската палата „Фети Борова“, во близина на Олимпискиот парк -Тирана. Таму се подготвуваат и испраќаат ливчиња, а таму ќе се пребројуваат и гласовите на дијаспората.
Ова се 11. парламентарни избори во плурална Албанија, на кои за првпат право да гласа и се дава и на дијаспората.
Поштенската компанија „ДХЛ“ е задолжена за достава на гласачките ливчиња до албанските иселеници во 85 држави ширум светот, процес кој Албанија ја чини 10 милиони евра.вт
Најголем број иселеници кои треба да гласаат има во Италија (90 илјади гласачи), потоа Грција (над 60 илјади), Германија (над 25 илјади), САД (околу 21 илјада) и Велика Британија (околу 18 илјади гласачи). Во 13 земји има само по еден гласач, меѓу кои Фиџи, Венецуела, Украина.