Белата книга за европска одбрана е чекор во вистинската насока, изјави словенечкиот премиер Роберт Голоб, кој пристигна на самитот на Европската унија во Брисел, еден ден откако Европската комисија претстави план во врска со тоа.
Словенија ќе поднесе барање за кредити во рамките на новиот инструмент и ќе ја активира клаузулата за избегнување на Пактот за стабилност за да ги зголеми трошоците за одбраната, пренесе СТА.
Голоб рече дека лидерите на ЕУ денеска првпат разговараат за Белата книга за европска одбрана.