Градоначалничката на Лос Анџелес сака да разговара со Трамп за ситуацијата во градот

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека се обидува да договори телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп поради големите протести што се одржуваат во тој град бидејќи дека сака Трамп „да ја разбере важноста на она што се случува во Лос Анџелес“.

Протестите против рациите и депортациите на мигранти што ги спроведува Службата за имиграција и царина на САД (ICE), што почнаа во Лос Анџелес во петокот, се проширија низ градови во САД, а некои протестираат против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Протестите се проширија во Њујорк, Чикаго, Остин, Далас, Сан Антонио, Сан Франциско, Денвер, Санта Ана, Лас Вегас, Атланта, Филаделфија, Милвоки, Сиетл, Бостон и Вашингтон.

Лос Анџелес вчера се соочи со шести ден претежно мирни, но повремено насилни демонстрации, ограничени во неколку населби во центарот на градот.
Трамп ја испрати Националната гарда таму во саботата и Маринците во понеделникот.
„Доколку не реагирав брзо во врска со ова, Лос Анџелес во моментов ќе гореше до темел“, рече Трамп.

Зачлени се на нашиот е-билтен