Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните на Куманово се жалат од аерозагадувањето

Граѓаните на Куманово реагираат дека последниве денови, особено во попладневните и вечерните часови, аерозагадувањето е евидентно и побараа реакција од надлежните општински служби. Денеска од секторот за инспекциски надзор-Инспекторат од Општина Куманово информираа дека континуирано вршат редовни инспекциски надзори согласно месечните планови и годишниот план.

– Се контролираат Б-ИЕД и елаборати за животна средина на правни субјекти од страна на тројца инспектори за животна средина. Во однос на вонредни инспекциски надзори, тие се извршуваат по службена должност, како и по добиени пријави/иницијативи поднесени од правни и физички лица и за тие пријави инспекциската служба изрекува инспекциски мерки, се носат инспекциски акти и дејствија и се изрекуваат казни во случаи на сторен прекршок. Граѓаните секое сознание за загадување на животната средина и здравјето на луѓето можат да го пријават по писмен пат преку поднесување на барање во архива на Општина Куманово, како и по електронски пат на e-mail адреси истакнати на сајтот на Општина Куманово, додаваат од секторот за инспекциски надзор.

Граѓаните се жалат дека несовесни граѓани палат различен отпад долж течението на Кумановка, а воздухот е неподнослив по 18 часот. Мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање покажа надминување на граничните вредности последниве неколку дена од стартот на грејната сезона. Лекарите исто така предупредија дека е сè поголем бројот на пациенти кои се жалат на тегоби предизвикани од аерозагадувањето, отежнато дишење, тежина во градите, сува кашлица.

Општина Куманово преку краткорочни и долгорочни мерки се обидува да го намали аерозагадувањето, како што се пошумување, гасификација, аеросолизацијата. Резултатите од мониторингот извршен преку проект покажаа дека согорувањето на биомаса има најголемо учество во аерозагадувањето, во помала мера сообраќајот, следуваа согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли.

Зачлени се на нашиот е-билтен