Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните не се откажуваат, во петок повторно ќе ги остават маркетите без промет

Овој петок граѓаните повторно ќе ги бојкотираат маркети поради високите цени на производите. Бојкотот, е насловен како „црн петок“ и веќе почна да се организира преку социјалните мрежи.

На социјалните мрежи граѓаните повикуваат уште од денеска да се воздржат од купување на производи од овие два маркети, додека во петок се најавува бојкот на сите големи ланци на маркети. Тие и сега очекуваат позитивни резултати и порачуваат дека треба да биде подолготраен.

Паролата на првиот бојкот огранизиран од страна на граѓаните  беше „Попусто попусти кога цените се исти“, кои според реакциите даде позитивен резултат. Бојкотот беше подржан и од политичките партии 

По информациите од првиот бојкот кој што беше организиран од страна на граѓантие на социјалните мрежи, прометот на маркетите беше намален за 50 отсто и тоа беше првата опомена на грашаните, трговците совесно да работат.

Првично бојкотот за воздржување од купување од големите маркети беше поттикнат од Хрватска, а за кратко време се прошири речиси низ целиот регион.

Зачлени се на нашиот е-билтен