Грција ги заострува сообраќајните правила, казни до 2.000 евра, па сè до одземање на дозвола: Истражуваме каде најчесто „паѓаат“ туристите

Новиот Закон за безбедност во сообраќајот во Грција воведува строги санкции за прекршоци поврзани со сериозни сообраќајни несреќи, од возење под дејство на алкохол, пребрзо возење, возење без сигурносен појас до паркирање на место за лица со попреченост… Секој прекршок повлекува парични казни, додека некои, покрај тоа, вклучуваат и одземање на возачка дозвола, па дури и затворска казна.

Целта е усогласување со современите потреби за безбедно движење на пешаци и возила, соопшти Министерството за транспорт и инфраструктура, со цел да се работи на превенција и спречување на прекршувања на прописите.

Новиот закон е дел од пошироките напори на грчките власти за регулирање на хаотичниот сообраќај, подигнување на безбедноста на повисоко ниво и подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, а јавната дебата заврши во јануари годинава.

Најстрогите казни од новиот Закон за сообраќај

Во иднина, казните попрецизно ќе ја одразуваат сериозноста на секој прекршок, што значи дека грешките во возењето кои се директно поврзани со предизвикување сериозни сообраќајни несреќи или губење на човечки живот ќе привлекуваат особено строги казни.

Прекршувањето на забраната за минување низ знак СТОП или во комбинација со дополнителни знаци се казнува со парична казна од 700 евра и одземање на возачката дозвола на лице место во траење од 30 дена.

Секој што ќе ја премине раскрсницата на црвено светло (кружно, трепкаво, во форма на стрелка или „X“) ќе биде казнет со 700 евра и ќе му се одземе возачката дозвола во траење од 30 дена.

Арогантното возење подразбира казна од 700 евра и одземање на возачката дозвола во траење од 30 дена.

Претекнувањето води до одземање на дозволата

Возачите кои престигнуваат непрописно се казнуваат со 700 евра и им се одзема возачката дозвола за еден месец во следниве случаи:

-Кога возачот зад него веќе започнал со престигнување или оној пред него сигнализира намера за престигнување на друго возило

-Непосредно пред или на премини на ниво без подвижни рампи, освен ако сообраќајот не е регулиран со семафори

-Непосредно пред или на пешачкиот премин

-Во тунели со една лента во секој правец

На кривини со намалена видливост, освен ако нема разделна островка или најмалку две ленти во иста насока, а престигнувањето се врши без преминување во спротивната лента

Пребрзо возење и возење под дејство на алкохол – одземање на возачка дозвола

-Секој што ќе ја надмине дозволената брзина за повеќе од 50 км/ч ќе се соочи со казна од 700 евра и одземање на возачката дозвола во траење од 30 дена.

-Кој и да се затекне зад воланот без соодветна возачка дозвола, без разлика дали е отсутна, одземена или поништена, добива казна од 700 евра, одземање на дозволата (доколку ја има) и одземање на сообраќајната дозвола и регистарските таблички во траење од 30 дена.

-Возењето под дејство на алкохол значи автоматско исклучување од сообраќај, а степенот на казната зависи од тоа колку делови на милион покажал тестот.

Доколку концентрацијата на алкохол во крвта е помеѓу 0,80 и 1,10 g/l (или помеѓу 0,40 и 0,60 mg/l во издишан воздух), следува казна од 700 евра и одземање на дозволата до 90 дена. Доколку концентрацијата на алкохол е над 1,10 g/l (или над 0,60 mg/l во издишан воздух), следува казна од 1.200 евра, одземање на возачка дозвола за 180 дена и затворска казна од најмалку 2 месеци.

Казни до 2.000 евра за повторено прекршување

Казните од 700 евра се „благи“ во споредба со она што следува во случај на повторени прекршоци. Имено, за повторени прекршоци во рок од една година во следните случаи – возење под дејство на алкохол, поминување на црвено светло, непочитување на знак СТОП, возење за демонстрирање на вештина или во недозволени трки, користење мобилен телефон при возење, некористење на сигурносен појас, пребрзо возење, возење без возачка дозвола.

Паркирањето на рампа наменета за лица со попреченост или на места резервирани за лица со попреченост ќе резултира со казна од 1.000 евра и одземање на возачката дозвола во траење од 180 дена. Доколку станува збор за возење под дејство на алкохол над 1,10 g/l, казната е 2.000 евра и одземање на возачката дозвола за 2 години.

Третото прекршување за 5 години подразбира одземање на возачката дозвола за 7 години

Во случај на трет прекршок во рок од 5 години, што се однесува на возење под дејство на алкохол, поминување на црвено светло, непочитување на знак СТОП, учество во сообраќајни несреќи или насилно возење, возачката дозвола ќе биде одземена до 7 години.

Грчките власти најавуваат дека казните ќе се спроведуваат доследно, под надзор на Министерството за инфраструктура и транспорт, во соработка со Министерството за заштита на граѓаните (во чии рамки функционира сообраќајната полиција). Конечните одредби ќе стапат во сила по завршувањето на јавната дискусија и усвојувањето од страна на парламентот.

„Во случај на паркирање на простор наменет за паркирање за кој не платил, возачот добива казна од 10 евра, ако застанал на место наменето за жители, а не е жител на таа зграда, казната е 40 евра. Иста сума ќе плати и некој што паркира на место за товарење или истовар, а двојно повеќе ако заземе место за лица со попреченост, за што ќе бидат отстранети и регистарските таблички“, изјави таа за нашиот портал и додаде дека засега казните се печатат на лице место и се доставуваат веднаш, а грчките и граѓаните на други земји, со регистриран престој во оваа земја (имаат таканаречен уникатен број) можат да ги проверат тие долгови преку „е-порталот“

Најчестите казни за непрописно паркирање

Според припадник на полицијата од Касандрија, непрописното паркирање и возењето под дејство на алкохол се водечки прекршоци, особено за време на викендите, кога Грците кои доаѓаат од градовите на краток одмор им се придружуваат на бројните туристи во одморалиштата.

-Паркирањето на пешачки или велосипедски премин и на помалку од 5 метри од нив повлекува казна од 30 евра + одземање на возачката дозвола во траење од 30 дена;
-Паркирање поблиску од 12 метри од автобуските и трамвајските станици, исто така 30 евра, а истиот износ ќе го плати и возачот кој паркира на влезовите и излезите од раскрсниците и поблиску од 10 метри од работ на патот:
-Паркирањето на трамвајски или железнички пруги, доколку го попречува сообраќајот, повлекува казна од 30 евра + одземање на возачка дозвола во траење од 30 дена.
-Доколку зафаќате некој од тротоарите или велосипедските патеки и пешачките површини (доколку не е изречно дозволено), плаќате 30 евра + останувате без дозвола 10 дена.
-Казна од 30 евра плаќаат возачите кои паркираат на кривини со слаба видливост; така што остава помалку од 3 метри помеѓу себе и линијата за забрането претекнување; помалку од 20 m од семафорите или 12 m од знаците „СТОП“ и „Предност на патот“, ако тоа ја попречува видливоста или во радиус помал од 5 метри од раскрсниците.
-Следува казна од 30 евра + одземање на дозволата за 10 дена во случај на паркирање на безбедносни и разделни острови; по автопат или експресен пат надвор од обележаните места; во лентите за забрзување и забавување:
-За паркирање пред болници, клиники и служби за итна помош, доколку тоа го попречува пристапот на возило за превоз на пациенти, следува казна од 30 евра + одземање на возачката дозвола во траење од 30 дена.

Зачлени се на нашиот е-билтен