Плеврис е во посета на Либија заедно со делегација на Европската Унија предводена од еврокомесарот за миграција Магнус Брунер.
„Тука сме, делегација на ЕУ, со комесарот Брунер. Сакаме да испратиме јасна порака дека ќе ѝ помогнеме на Либија да ги задржи нелегалните имигранти, да ги спречи заминувањата кон ЕУ и во исто време да се вратат нелегалните имигранти назад во нивната татковина. Ќе соработуваме во оваа насока. Крит е под огромен притисок од Источниот брег и сакаме да го спречиме ова“, истакна Плеврис.
Според извори од Министерството за миграција и азил на Грција делегацијата имала прва средба во Триполи со Владата на национално единство на Либија, a втората средба е планирана во Бенгази со Калифа Хафтар.
Во изминатите денови Грција се соочува со зголемени мигрантските бранови од Либија и стотици бегалци и мигранти на островите Крит и Гавдос што се наоѓаат на југот на земјата.