Груби и Бајрами добија 30 дена притвор

Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Прпетим Бајрами, кои се недостапни на органите на прогон, заработија 30-дневен притвор поврзан со истрагата за злоупотребите во Државна лотарија.

– По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија да го прифати предлогот на јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл.165 ст1. Т.1 и 2, посочуваат од Кривичниот суд.

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против осум лица за „злоупотреба на службената положба и овластување“,„примање поткуп“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ во случајот со Државната лотарија на Република Северна Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен