Грузија го затвора Информативниот центар на ЕУ и НАТО

Владата на Грузија најави дека ќе го затвори Информативниот центар на Европска Унија и НАТО. Центарот ќе биде интегриран во Министерството за надворешни работи, а дел од персоналот веќе добиле откази.

Центарот е формиран, како што пишува на официјалната интернет страница, за „вклучување на населението во процесите на европска и евроатлантска интеграција на Грузија и обезбедување на нивна информирана поддршка“.

Центарот е отворен во 2005 година и се наоѓа во голема зграда на Плоштадот на слободата во центарот на Тбилиси и е украсен со знамиња на ЕУ, НАТО и Грузија.

Грузија е кандидат за членство во ЕУ од 2023 година, додека НАТО во 2008 година нагласи дека земјата со 3,6 милиони жители ќе се приклучи на Алијансата.

Грузија е заглавена во политичка криза и од крајот на 2024 година секојдневно се одржуваат антивладини протести. Демонстрациите се интензивираа откако премиерот Иракли Кобахиѕе кон крајот на ноември соопшти дека Владата нема да бара отпочнување преговори за членство во ЕУ пред 2028 година. Владејачката партија Грузиски сон е обвинета за авторитаризам и за одвлекување на поранешната советска република од нејзиниот европски пат. 

Зачлени се на нашиот е-билтен