Човештвото го ослободи „злото од модерната Пандорина кутија“, изјави денеска генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, и, заедно со технологијата „надвор од контрола“, ги наведе војните и глобалното затоплување како егзистенцијални закани за светот.
-Да, има напредок во нашиот проблематичен свет, рече Гутереш, наведувајќи го прекинот на огнот во Либан и невидениот развој на обновливите извори на енергија.
„Нашите постапки или неактивност ја отворија модерната Пандорина кутија на злото. Четирите зла претставуваат, во најдобар случај, закани кои можат да го нарушат секој аспект од нашата политика, а во најлош случај, да го загрозат нашето постоење.
Тој како такви ги наведе „галопирачките конфликти, ендемските нееднаквости, бесната климатска криза, технологијата надвор од контрола“.
-Добрата вест е дека имаме планови да се справиме со овие предизвици. Не мораме повторно да го измислиме тркалото, само треба да продолжиме да се врти, рече Гутереш.