Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (АБК) Рамуш Харадинај денеска го обвини премиерот Албин Курти дека со својата политика ги поделил граѓаните на Косово и ја оставил земјата без поддршка од НАТО, САД и Европската Унија.
Харадинај остро го критикуваше формирањето на Заедницата општини со мнозинско српско население (ЗСО), оценувајќи ја како „најлоша можна одлука“. Според него, Курти донел санкции што негативно влијаеле врз економијата, го ослабнал приватниот и јавниот сектор и ја зголемил зависноста од увозна енергија.
„Бизнисот е ослабен, работниците се исцрпени, цените растат и продолжуваат да растат“, напиша Харадинај на Фејсбук.
Тој исто така го обвини Курти за нарушување на односите во косовското општество, како и со Албанците во регионот и дијаспората.