Харадинај на средба со Ахмети: Тој е една од најпочитуваните албански личности

Харадинај се сретна со Али Ахмети во седиштето на ААК, тој вели дека придонесот на Ахмети е извонреден во последните 30 години.

„Али Ахмети е една од најпочитуваните албански личности. Неговиот придонес во сите процеси низ кои поминале Албанците на Балканот, барем во последните 30 години, е извонреден. Имав задоволство денес да имам братски разговор со него за предизвиците низ кои минуваат нашите земји.

Соработката на Косово со Северна Македонија треба да биде приоритет во нашите односи, а Албанците во Северна Македонија се одлучувачки фактори врз кои се развиваат овие односи.

Косово секогаш ќе биде поддржувач на нашите браќа во нивните легитимни барања за заштита и унапредување на правата, вклучително и употребата на албанскиот јазик во Северна Македонија“ – пишува Харадинај.

.

Зачлени се на нашиот е-билтен