Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Христовски добил НАТО сертификат

Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, добил позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, објави МКД.мк повикувајќи се на извор во Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци.

Ова значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи информации на Алијансата.

Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на НАТО и низ него длабински се проверува подобноста на кандидатот.

Инфомакс претходно во детали објави дека Бојан Христовски има проблем со дипломата од Економскиот факултет при Универзитетот за Туризам и менаџмент, но и со неговата диплома по англиски јазик познатата во јавноста како ТОЕФЛ.

Зачлени се на нашиот е-билтен