Хутите соопштија дека истрелале проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Бунтовничкото движење Хути, кое контролира делови од Јемен, денеска соопшти истрелале проектили кон Израел и два американски носачи на авиони.

Во исто време, бунтовниците ветија дека ќе продолжат со нападите, откако Американците извршија смртоносни напади врз нафтено пристаниште во западниот дел на Јемен.

– Американскиот воен ангажман и континуираната агресија против нашата земја само ќе доведат до ескалација на нашите акции, рече портпаролот на војската на Хутите, Јахја Сари на големите демонстрации во главниот град Сана.

Сана е под контрола на Хутите, како и западниот брег на Јемен кон Црвеното Море.

Зачлени се на нашиот е-билтен