Заменик-претседателот на Владата на Македонија, и министер задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, му сврте грб на лидерот на неговата матична партија Алијанса за Албанците, предовдена од Арбен Таравари.
„Ние не сме само поддржувачи на една партија. Ние сме чувари на една кауза. На еден идеал што никогаш не бил продаден и никогаш не се има наведнат. Вие, што ја изградивте оваа Алијанса со труд, со посветеност, дури и кога сè беше против нас. Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Тие мора да се соочат со вистините што ги избегнуваа две децении по ред. Тука не станува збор за поединец. Тука станува збор за нашето заедничко достоинство. Тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети, ниту преку некој што не им го посакува доброто на Албанците“, стои во објавата на Арбен Фетаи.