Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

И се меша ли Владата на Мицкоски во ингеренциите на претседателката Сиљановска Давкова околу разрешувањето на амбасадорите?

На денешната 27 собраниска седница пратениците усвоија и две автентични толкувања, на член 39 став 3 од Законот за надворешни работи и на член 45 став (4) од Законот за надворешни работи.

Пратенкот на СДСМ, Оливер Спасовски, оцени дека со автентичното толкување на член 45 став (4) од Законот за надворешни работи се сака на „мала врата“ да се создаде нов услов за разрешување амбасадори.

„Автентичното толкување не може да служи за измени на законските решенија. Сметам дека ова што се прави со членот 45, за отповикување на амбасадорите, и тоа што е доставено како мислење од Владата до Собранието за член 45, воопшто не може да се стави во ниту една од уставните норми зашто таму е децидно наведено, во членот 45, кои се основите за отповикување на кој било амбасадор. Ако тие основи се исполнат, тогаш се отповикува амбасадорот. Според Уставот, во член 84 е предвидено претседателот на државата, покрај другите надлежности, да ги поставува и отповикува со указ амбасадорите во странство. И ставот 3 во член 45 е многу јасен, дека претседателот ќе го отповика амбасадорот ако се исполни еден од трите услови, а иницијатива за отповикување може да покрене и Владата. Сега, со ова, ние велиме, не мора да се исполни ниту еден од условите, а Владата или министрите може да предложат промена на кој било амбасадор. Навлегуваме во рушење на тој поредок и создаваме правна несигурност, истакна Спасовски.

Според предлагачот на двете автентични толкувања Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е предлагач на двете автентични толкувања само се допрецизираат членови и ставови.

„Јас сум предлагач на двете автентични толкувања, а со нив не се бара нова можност, туку да се допрецизираат одредби. Ова подразбира дека покрај претходните услови за отповикување на амбасадорите од претседателот, иницијатива за отповикување на амбасадорот може да покрене и Владата на барање на министерот. Претходните години имаше директно прекршување на Законот и силеџиство, без да се помине филтерот во Собрание. Се срамиме какви луѓе праќавте во светот да ја претставуваат државата“, рече Стојановски.

По усвојувањето на автентичните толкувања, претседателот на Собранието Африм Гаши ја прекина 27. седница и рече дека за продолжението пратениците ќе бидат дополнително известени.

Во поранешниот собраниски состав на чело на Комисијатата за надворешни работи беше претеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Тој речиси за целиот мандат дод различни причиние не дозволи на дневен ред да се најде акредитирањето на амбасадосрите.

Зачлени се на нашиот е-билтен