Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

IBM забележа најголем скок на акциите од 2000 година

Акциите на Ај-Би-Ем (IBM) денеска пораснаа за речиси 12 отсто поради силните финансиски резултати на американскиот компјутерски гигант постигнати во четвртиот квартал од 2024 година, јави Си-Ен-Би-Си.

Компанијата објави заработка од 3,92 долари по акција. Приходите на Ај-Би-Ем во тој период изнесуваат 17,55 милијарди долари – над очекувањата на аналитичарите за приход од 17,54 милијарди долари.

Акциите на корпорацијата се на пат да ја забележат својата најголема дневна добивка од 20 јули 2000 година. кога се зголемија за 13 отсто.

Зачлени се на нашиот е-билтен