Има ли „случај“ во случајот „ Соравија“ во Обвинителството? Зошто Дрин Ахмети никој не го повикал за исказ?

Без малку две години е отворен случај во Обвинителството за купопродажбата на ТЦ Соравија од страна на Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Но досега ниту еднаш Дрин Ахмети не е повикан да даде исказ за овој случај иако некои медиуми преурането го тврдеа тоа.

„Во врска со обвинувањата на Соравија, јавниот обвинител никогаш не побарал да дадам исказ. Никогаш не сум имал каква било покана од нив. Ова беше покана за предметот за концесијата на компанијата „Еверест“, при што на јавниот обвинител му ги дадов исплатите што ги извршивме, значи исплатите што ги направиле, вклучувајќи ја и каматата што е платена за доцнењето со исплатите“, вели Дрин Ахмети во интервју за Република.

На прашањето чиј е ТЦ Соравија, Дрин Ахмети вели: „Засега тапијата му припаѓа, и понатаму е на г-динот Хано Соравија. Но ние работиме на договор. Извршивме плаќања кон него и тоа е прашање на процедура, прашање на време на обработка на договорот од различни јурисдикции кои се вклучени во зделката и за неколку недели таа ќе биде затворена и ќе има нов сопственик. Овој сопственик е фонд. Тоа ќе биде структура наречена „Гондолинг капитал“, која е основана од мене, но има многу инвеститори, вклучително и институционални инвеститори. И тоа е целата приказна“.

Во однос на врските со Али Ахмети и неговото влијјание во бизнисот, Дрин вели дека што се однесува до тоа, една и пол година сите го истражуваат, но дека не е најдена ниту една врска со него.

Ако Обвинителството не го гони, има ли воопшто материјални докази за тоа или случајот е политизиран или Обвинителството е споро.

Зачлени се на нашиот е-билтен